Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски ја посочи вистинската причина за заминувањето од Баерн: Се кажаа многу лаги

Објавено

на

После големи напори, Роберт Левандовски на крајот конечно доби дозвола од Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ за трансфер во Барселона, а иако Пини Захави како лидер на операцијата им се заблагодари на директорите за реализирањето на зделката, сепак беше јасно дека Полјакот не си замина од Баерн во најпријателски услови.

Инсистирањето за трансфер го разлути раководството на германскиот првак и првичните најави беа дека ќе го натераат напаѓачот да си го доработи договорот, нешто што сепак не беше логично да исполни со оглед на медиумскиот притисок кој го правеше Леви.

На крајот, искусниот голгетер направи трансфер вреден 50 милиони евра и се пресели во Барселона, а во последното интервју за „ЕСПН“ ги обвини баварците дека се користеле со лаги и валкани игри.

– Не си отидов од Баерн поради информациите дека ќе тргнат по Халанд. Некои луѓе не ја кажаа вистината и за мене тоа секогаш е на прво место. Тоа беше главниот проблем. На крајот видов дека нешто не функционира како што треба и дека е време да заминам во Барселона.

– Се што се случи последните неколку седмици беше еден вид на политика. Клубот се обиде да најде аргументи за да ме продаде на друг клуб, па морав да прифатам да се кажат и безброј лаги и глупости за мене, – вели Левандовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни