Поврзете се со нас

Германија

Левандовски ја доби битката со Халанд, а Баерн дербито со Дортмунд (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Фудбалерите на Баерн Минхен издвојуваа победа над Борусија Дортмунд со 4-2 во дербито на 24. коло во Бундеслигата.

Домашниот тим очајно го започна натпреварот и веќе по 9 минути игра губеше со 2-0 со головите на Халанд. Меѓутоа избраниците на Флик уште еднаш покажаа зошто се актуелни германски, европски и светски клупски шампионите, па во продолжението одговорија на предизвикот и веќе до паузата дојдоа до 2-2 благодарение на погодоците на Левандовски во 26 и 44 минута.

Овој резултат на семафорот беше актуелен до самиот финиш кога Баерн му зададе двоен удар на гостинскиот клуб, прво Горецка беше прецизен во 88 за 3-2 за да потоа точка стави Левандовски во 90 минута.

Ова за Левандовски беше втор хет-трик на Полјакот против Дортмунд во Бундеслигата, тоа претходно го има направено само легендарниот Герд Милер (2) со тоа што мора да се напомене дека еден ваков учинок имаи Рој Макај.

Баерн со триумфот се врати на врвот со 55 бода или два повеќе од РБ Лајциг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни