Германија
Левандовски испрати порака до Кимих за преселбата во Барселона: Тука атмосферата е поразлична…

Барселона останува без услугите на Серхио Бускетс на крајот на оваа сезона, па приоритет на новиот шпански шампион е да пронајде соодветна замена за него во летниот преоден рок.
Тоа воопшто нема да биде лесно со оглед на улогата на Бускетс низ сите овие години на „Камп Ноу“. Во јавноста, медиумите се споменуваат неколку имиња со тоа што во последно време се повеќе се нагласува германскиот репрезентативец, Јозуа Кимих.
Кимих е еден од најзначајните фудбалери на Баерн Минхен, но добар дел од медиумите пренесуваат дека Барса би имала шанси да го добие неговиот потпис особено ако тој побара да си замине од „Алијанц Арена“.
Колку е тој реална опција и дали би можел да се пресели во Шпанија ќе покаже времето, а во меѓувреме Роберт Левандовски кој добро го познава Кимих му испрати една кратка порака.
-Што би му кажал на Кимих за Барселона? Вреди тука да се дојде. Атмосферата е поразлична од Баерн. Тоа се два големи клуба, ама искуството и предизвикот е различен, -истакнал Полјакот за „Мундо Депортиво“.
-
Светпред 22 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 12 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Шпанијапред 24 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
Италијапред 9 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 12 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
Лига на шампионипред 21 час
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Лига на шампионипред 23 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
НБАпред 10 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)