Германија
Левандовски и Милер ги поделија головите, Баерн рутински во Билефелд (Видео)
Баерн Минхен не погреши на гостувањето во Билефелд и рутински стигна до нови три бода во Бундеслигата, одржувајќи го чекорот со актуелниот лидер Лајпциг кој има бод повеќе од баварците.
Тимот предводен од тренерот Ханси Флик денеска сериозно си ја сфати работата од самиот старт, па веќе во првото полувреме беше јасно кој ќе ги однесе три бода од овој натпревар.
Томас Милер го отвори резултатот во 8-та минута, а до крајот на првите 45 минути на двапати во листата на стрелците се запиша незадржливиот Роберт Левандовски.
На стартот на вториот дел, Милер кој претходно му асистираше на Левандовски за 3:0 по вторпат стрелаше, а овојпат асистент беше токму Полјакот кој му врати на својот соиграч за несебичната игра.
Двајцата напаѓачи на Баерн ги поделија головите за уверливи 0:4, а до крајот, Арминија Билефелд се избори за почесен гол преку Доан, додека Толисо со невнимателен старт се самоисклучи во 76-та минута.
-
Светпред 20 часа
Скалони: Само двајца играчи се сигурни за Копа Америка
-
Светпред 19 часа
Фелипе Мело распали по Робињо и Дани Алвес: Да и го направеа тоа на мојата ќерка, сега немаше…..
-
Светпред 18 часа
Бразилска ѕвезда имала тешки мисли: Не мислев да се самоубијам, но сакав да се повлечам по неуспехот на СП
-
Светпред 19 часа
Белингам го одобри најголемото откровение на Јунајтед: Не сакам да додавам масло во огнот, но тој има светла иднина
-
АТПпред 14 часа
Ѓоковиќ се појавил со нов тренер на тренингот во Белград (Фото)
-
Англијапред 20 часа
Сања даде прогноза за дербито Сити-Арсенал: Можам да видам…
-
НБАпред 15 часа
Јокиќ забележа нов историски подвиг во НБА лигата (Видео)
-
Германијапред 17 часа
Ридигер даде целосно образложение за гестот поради кој го поврзаа со ИСИС (Фото)