Поврзете се со нас

Германија

Левандовски и Милер ги поделија головите, Баерн рутински во Билефелд (Видео)

Објавено

на

Баерн Минхен не погреши на гостувањето во Билефелд и рутински стигна до нови три бода во Бундеслигата, одржувајќи го чекорот со актуелниот лидер Лајпциг кој има бод повеќе од баварците.

Тимот предводен од тренерот Ханси Флик денеска сериозно си ја сфати работата од самиот старт, па веќе во првото полувреме беше јасно кој ќе ги однесе три бода од овој натпревар.

Томас Милер го отвори резултатот во 8-та минута, а до крајот на првите 45 минути на двапати во листата на стрелците се запиша незадржливиот Роберт Левандовски.

На стартот на вториот дел, Милер кој претходно му асистираше на Левандовски за 3:0 по вторпат стрелаше, а овојпат асистент беше токму Полјакот кој му врати на својот соиграч за несебичната игра.

Двајцата напаѓачи на Баерн ги поделија головите за уверливи 0:4, а до крајот, Арминија Билефелд се избори за почесен гол преку Доан, додека Толисо со невнимателен старт се самоисклучи во 76-та минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни