Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски и Јамал закажаа „Ел Класико“ финале во Ријад (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Фудаблските фанови во Саудиска Арабија ќе можат да уживаат во уште едно „Ел Класико“ финале во шпанскиот Суперкуп, што всушност ќе биде реприза на она кое се одигра пред една година.

Реал Мадрид вчера во драматично полуфинале го победи Атлетико Мадрид со 5:3, додека Барселона денеска имаше доста полесна задача и успеа да ја победи Осасуна во регуларниот дел.

Каталонскиот великан е бранител на титулата од лани и со победата од 2:0 си закажа нова пресметка со лутиот ривал, против сега повторно ќе игра за титула за три дена (недела).

Осасуна имаше свои шанси на денешниот меч при резултат 0:0 и можеше да внесе поголема неизвесност, но кога не го направи тоа, на спротивната страна решавачкиот гол го постигна Роберт Левандовски.

Погодокот на Полјакот беше активен до судиското продолжение, а тогаш Ламине Јамал ги постави конечните 2:0 по додавањето од несебичниот Жоао Феликс.

Голот на Левандовски погледнете го ТУКА

Голот на Јамал погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни