Поврзете се со нас

Германија

Левандовски: Гвардиола ја промени мојата перцепција за фудбалот

Објавено

на

Роберт Левандовски и сезонава останува еден од најдобрите светски фудбалери, а во последното интервју за „Марка“ говорел на различни интересни теми.

Една од нив била и соработката со Пеп Гвардиола, во периодот кога Шпанецот беше тренер на Баерн Минхен.

– Гвардиола ми откри поинаква перцепција за фудбалот, односно да го разбирам преку движењата на теренот и тактиката.

– По искуството со Пеп, гледам на фудбалот на поинаков начин, го гледам од поинаква перспектива и се обидувам да откријам како можам да бидам чекор пред противниците.

– Гвардиола ми велеше, не можам да ти помогнам да бидеш подобар напаѓач, но можам да помогнам екипата да ја пренесе топката до шеснаесетникот, а таму ти знаеш што треба да направиш, – изјавил Левандовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни