Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски го скрши отпорот на Алавес, Барселона стопи дел од предноста на Реал (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/FCBarcelona

Барселона не беше многу ефикасна на дуелот со Алавес, но голот на Роберт Левандовски беше доволен за освојување на планираните три бода (1:0) на домашен терен.

Избраниците на Ханси Флик врзаа две победи по претходната негативна серија, а денеска решавачкиот момент се случи во второто полувреме.

Левандовски реализираше во 61. минута и фактички го постигна единствениот гол на средбата, гол доволен за важни бодови во Ла Лига.

Со оваа победа, Барса го искористи киксот на Реал Мадрид за да ја намали негативата зад овој клуб на четири бодови, додека Атлетико Мадрид има три бода повеќе од Каталонците.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни