Поврзете се со нас

Европски првенства

Левандовски го пропушта првиот меч на ЕП, Полјаците останаа без двајцата најдобри напаѓачи

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Роберт Левандовски вчера се повреди на мечот со Турција и го вклучи алармот во полскиот тим, пред се поради тоа што неколку дена претходно, тешка повреда заработи и Аркадиуш Милик.

Напаѓачот на Јувентус веќе правеше операција и стана јасно дека е во аут за Европското првенство, а сега Полјаците ќе бидат во трка со времето за својот капитен и најдобар играч.

Денеска пристигна вест дека мускулната повреда не е од наивен карактер и дека Левандовски сигурно го пропушта премиерниот меч против Холандија, а главна борба на Полјаците ќе биде да го оспособат за вториот меч со Австрија.

– Ќе правиме се што е возможно за да го оспособиме Левандовски за вториот меч на турнирот, оној против селекцијата на Австрија, – порача денеска првиот лекар на полскиот тим.

Единствена добра вест е тоа што повредата на третиот напаѓач Свидерски не е од посериозен карактер, па тој ќе стои на располагање за првиот меч со „лалињата“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни