Поврзете се со нас

Свет

Левандовски го „поздрави“ Меси: Нема зошто да ми биде лут

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Лионел Меси на церемонијата на „Златната топка“ му се обрати на Роберт Левандовски и му порача на Полјакот дека заслужил да го освои најпрестижното индивидуално признание, но ако се суди според неговите гласови дадени во изборот за „The Best“, Аргентинецот не го мислел баш тоа.

Вчера Левандовски беше избран за најдобар светски играч од страна на ФИФА и доби утеха со наградата за која гласаат колегите и фудбалската селектори, што за дел од јавноста е и многу поголемо признание од она најпрестижното на „Франс Фудбал“ во кое исклучиво гласаат новинарите.

Левандовски втора година по ред е избран за најдобар од страна на ФИФА и вчера го победи Лионел Меси во нивната втора битка за 2021-ва година, по што Полјакот испрати и мал „поздрав“ до Аргентинецот кој пред извесно време тврдеше дека Полјакот треба да ја добие наградата од „Франс Фудбал“.

Меси како капитен на Аргентина не му доделил ниту еден глас на Левандовски, додека Полјакот како капитен на својата репрезентација го сместил Лео на второто место.

– Ме израдува неговата изјава за време на церемонијата на „Франс Фудбал“, но сега е поинаку. Треба да го прашате него за гласовите кои ги дал. Сметам дека не треба да биде лут на мене. Може да биде лут од спортска гледна точка, но не на приватна. Јас во секој случај гласав за него, – вели Левандовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни