Левандовски со фантастичен хет-трик го нокаутираше Шалке на „Фелтинс арена“ (Видео)

levandovski-salke

Роберт Левандовски е убедливо најдобар голгетер во Бундес лигата, а таквиот епитет го потврди и оваа вечер откако на дерби пресметката која се одигра во Гелзенкирхен постигна фантатсичен хет-трик.

Баерн Минхен по старното реми ја забележа првата победа во новата натпреварувачка сезона, пред се благодарение на полската гол машина која беше исклучително расположена на „Фелтинс арена“. Првиот погодок пристигна во првиот дел од белата точка, додека двата погодоци во вториот дел беа навистина феноменални.

Левандовски најпрво маестрално стрелаше од слободен удар, а потоа покажа неверојатно напаѓачко чувство во 75-та минута кога го постави конечниот резултат на овој дерби меч (0:3).

Facebook Коментари