Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски е подготвен да прифати намалување на платата за подолг престој во Барселона

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Роберт Левандовски игра во топ форма во сезоната во која тренерската позиција во Барселона ја презема Ханси Флик, со што дефинитивно ја менува и перспективата на клубот, за кого претходно се очекуваше дека нема да му понуди нов договор по истекувањето на актуелниот.

Полскиот фудбалер сезонава веќе постигна 19 голови на 16 натпревари, па дефинитивно изгледа незаменливо во составот на Каталонците, а сега и самиот посакува да остане уште некоја сезона во истата средина.

Барселона веќе ги разгледува клаузулите во договорот со Левандовски и веројатно без проблеми автоматски ќе му го продолжи престојот до 2026 година, а активирањето на таа клаузула подразбира и намалување на платата од 32 на 26 милиони евра.

Клубот размислува за продолжување на договорот до 2027 година, но тоа подразбира дополнително намалување на платата за таа сезона, нешто што според „Спорт“ нема да биде проблем за напаѓачот и тој би прифатил таква опција за потврдена подолгорочна иднина на „Камп Ноу“.

Левандовски е подготвен да остане што подолго во Барса, бидејќи и неговото семејство добро се адаптирало во шпанскиот град, па ваква или слична форма може да донесе подолг престој во Барселона.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни