Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Левандовски донесе водство за Барса и си осигура место во историја на Лигата на шампиони (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона води по 45 минути игра на натпреварот против Брест кој се игра на „Монжуик“, период во кој каталонците доминираа во секој поглед и во кој требаше да имаат поубедлива предност.

Засега, единствената разлика ја прави голот од белата точка кој го постигна Роберт Левандовски, ситуација за која се избори самиот Полјак.

Напаѓачот на Барселона изнуди пенал по лошата реакција на гостинскиот голман, а потоа лесно реализираше за место во историајта на Лигата на шампиони.

Левандовски го постигна својот јубилеен 100-ти гол во најелитното европско натпреварување, што го прави само трет играч во историјата со троцифрен број погодоци во најелитното натпреварување.

Единствени досега со ваков учинок беа Кристијано Роналдо со 140 и Лионел Меси со 129 голови, но од денеска во нивно друштво е и неповторливиот полски голгетер.

Голот од пенал погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни