Поврзете се со нас

Германија

Левандовски дојде до 300 голови во Бундеслигата, Баерн постави нов рекорд (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Баерн Минхен брзо го заборави, избриша неуспехот против Борусија Менхенгладбах и попладнево го потопи Келн со 4-0 во 19. коло во Бундеслигата.

Бранителот на трофејот знаеше што сака на овој натпревар на кој во двете полувремиња даде по два гола за 15 сезонско славје со кое одново е на плус шест во однос на Борусија Дортмунд. Левандовски и Толисо стрелаа во 9 и 25 минута за да во вториот дел Полјакот даде уште два за хет-трик и со тоа дојде до бројката од 300 голови во елитната германска конкуренција.

Фантастична реакција на Французинот: Милер луцидно асистираше, Толисо страшно распали (ВИДЕО)

Воедно ова беше 66. меч во низа на кој дава гол во шампионатот со што постави нов рекорд во Бундеслигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни