Поврзете се со нас

Германија

Левандовски доби незгодно прашање по убедливата победа над Мехенгладбах: Никогаш не го правам тоа

Објавено

на

Полскиот напаѓач, Роберт Левандовски зад себе полека  остава уште една феноменална сезона во која би можел да ситгне и до рекордот кој во сезоната 1971/72 го постави легендарниот Герд Милер кој постигна 40 голови во една бундеслигашка сезона.

Левандовски по  убедливата победа над Мехенгладбах од 6:0 во која постигна хет-трик со кој дојде до 39 голови оваа сезона доби едно незгодно прашање од германските новинари.

Полјакот беше запрашан дали ги притиска своите соиграчи постојано да му ја додаваат топката со цел тој да постигнува повеќе голови со кои би се доближил или би го соборил рекордот на Милер.

– Не не го правам тоа, не правам такви работи никогаш. Кога нешто сакате премногу, тоа на крај и ќе го направите. Кога играш за тимот, ќе дочекаш шанса за гол. Ќе продолжам да давам се од себе за својот тим. Благодарен сум што толку често ми асистираат, -изјави Левандовски.

До крајот на сезоната Баерн има натпревари со Фрајбург и Аугсбург, а Левандовски со еден гол на овие два натпревари ќе го израмни рекордот на легендарниот Милер, а се потоа ќе биде поставување на нов клупски рекорд кој тешко дека некогаш би можел да биде соборен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни