Поврзете се со нас

Германија

Левандовски: Баерн има еден специјален талент како што Барса ги има Педри, Гави и Ансу Фати

Објавено

на

Роберт Левандовски се поправи во своите последни интервјуа и има само убави зборови за Баерн Минхен по реализираниот трансфер во Барселона, па дури и им се извини на навивачите на баварскиот великан за потезите кои ги повлече на стартот на летниот преоден рок во обидот да изнуди заминување.

Полјакот во последното интервју во Германија говореше на доста интересни теми и ги нагласи трите моменти кои никогаш нема да ги заборави, но издвои и име на еден довчерашен соиграч од кого многу очекува во иднина.

– Минхен многу ќе ми недостасува, градот и фановите на Баерн. Тоа што го доживеавме заедно во последните осум години беше неверојатно, никој не може да ни го одземе тоа. Кога се навраќам назад, прво ми текнува на три моменти. Петте гола против Волфсбург, 41 гол во една сезона во Бундеслигата и шесте титули со Ханси Флик, тоа се незаборавни моменти, – вели Левандовски.

Полската гол машина во Барселона ќе игра со страшни фудбалски таленти како Педри, Гави и Ансу Фати, но тој тврди дека и Баерн има специјален талент со слични карактеристики.

– Мусиала е специјален талент, исто како Педри, Гави и Ансу Фати во Барселона. Неверојатно и импресивно е колку брзо созреа и како се адаптираше со нас во Баерн. Она што ме импресионира е тоа што постојано сака да работи и слуша совети. Сака да учи од секој соиграч, – потенцира Левандовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни