Поврзете се со нас

Свет

Лев со искрен совет за сите тренери и големи клубови: Посетете ја Ла Масија!

Објавено

на

Јоаким Лев вечно ќе остане запаметен како селекторот кој и ја донесе четвртата светска титула на Германија, а како човек кој стекна големо искуство во фудбалот, сега си даде за право да даде предлог до сите млади и докажани тренери, но и до најголемите клубови.

Во интервјуто за каталонска „ТВ3“, поранешниот германски селектор вели дека будно ги следи сите случувања во Барселона поради сонародникот Ханси Флик, но додава дека Барселона како клуб е вредна за посетување најмногу поради Ла Масија.

– Комуникацијата на Ханси Флик е она што го прави посебен. Тој е во добри односи и со играчите кои се во втор план и тоа е неговата голема сила.

– Неверојатно е како ги менаџира работите со играчите, а воедно е извонреден на тактичко и техничко ниво. Има големи фудбалски познавања и не ме чуди што добро му оди во Барселона.

– Сепак, како искусен тренер, имам еден совет до голем број големи клубови и тренери: Посетете ја Ла Масија и останете во Барселона две недели. Слушајте што прават во Академијата и зошто го прават тоа. Верувајте ми дека вреди, – додава Лев.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни