Поврзете се со нас

Светски првенства

Лев нема по добро да ја памети Македонија: Германскиот селектор со реален заклучок по болниот пораз

Објавено

на

Јоаким Лев нема по добро да ја памети македонската фудбалска репрезентација, бидејќи последниот натпревар на домашен терен во Германија вечно ќе му стои во сеќавање по поразот од 1:2.

Македонските фудбалери приредија фудбалска сензација во Дуизбург и ја победија 1:2 моќната Германија, а покрај тоа што Ангеловски и неговите миленици ја прекинаа неверојатната 20-годишна традиција на „панцирите“, Лев го претрпе и првиот пораз во квалификациски циклус за Светско првенство.

Германија како селекција не знаеше за пораз во мундо-квалификации цели 20 години, додека после 29 победи и 3 реми средби, Лев претрпе прв пораз на својот последен квалификациски меч како селектор. Ова секако не е пријатен податок за искусниот стручњак, кој по поразот не криеше дека неговите фудбалери немале решение за добро поставениот тим на Македонија.

– Разочарувањето е огромно, наша цел беше да освоиме девет бода на овие три меча. Вината треба да ја бараме само кај себе. Тешко е да се направи анализа со жешка глава, но бевме изморени, ни недостасуваше свежина.

– Бевме многу бавни во нападот, а дури и во моментите кога бевме побрзи, немаве решение. Македонија беше одлично поставена во одбраната и не ни дозволи да најдеме простор за да направиме проблеми, едноставно немавме решение за нив, а истовремено беа многу опасни со своите контра-напади, – изјави германскиот селектор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни