Лев: Како да бевме проколнати, но мора да се насочиме кон следните средби

joakim-lev-germanija-ukraina

Фудбалската репрезентација на Германија разочара на стартот на Светското првенство во Русија и со минимален пораз од Мексико остана без бодови од овој прв натпревар.

Од самиот старт на дуелот се гледаше дека кај „маншафтот“ нешто не е како што треба и Мексиканците тоа го искористија, па на полувремето заминаа со минимална предност, која Германците се обидуваа во вториот дел да ја анулираат, но за жал безуспешно.

Кај германскиот селектор Јоаким Лев се гледаше доза на лутина по натпреварот, бидејќи одбраната потфрли цело прво полувреме, а во вториот дел нападот не успеа да искористи ниту една од шансите до кои стигнаа.

– Првото полувреме го одигравме навистина лошо. Не можевме да го покажеме нашиот добро познат стил во нападот со додавања. Во второто полувреме притиснавме, но Мексико добро се одбрани. Имавме неколку шутеви на голот, но немавме среќа да стигне топката до мрежата. Се разбира дека сите сме разочарани, но мораме да го оставиме ова зад нас и да мислиме на тоа што следува. Секако дека ќе мораме да го победиме наредниот меч против Шведска иако ќе бидеме под силен притисок,- изјави Германецот.

Лев ќе има тешка задача да го подготви тимот за натпреварот кој им претстои во сабота, а на кој ќе се сретнат со шведската репрезентација.

Facebook Коментари