Лев ги потенцираше двете основни причини за мундијалскиот неуспех на Германија

Group F South Korea vs Germany

Германците долго ќе го анализираат неуспехот на Светското првенство во Русија, а селекторот Јоаким Лев ќе добие шанса да го врати националниот тим на нивото кое се очекува од него.

Денеска Лев имал средба со раководството на Германската фудбалска федерација, а на истата поднел извештај за она што се случувало во Русија и својата анализа за слабите резултати. По состанокот, Лев во кратки црти се обиде да го образложи она што се случувало на мундијалот.

– Многу беше важно да не реагираме премногу емотивно на елиминацијата, во вакви ситуации треба да ја разгледаш ситуацијата со студена глава. Ова се однесува и на фудбалерите, се уште комуницирам со дел од нив и ги советував да се одморат и да не мислат премногу на СП.

– Две основни причини за нашиот неуспех се психолошката подготовка и однесувањето на фудбалерите. Треба да ги вратиме страста и емоциите кои се важни за германската репрезентација, а тоа е моја задача, нешто што ќе мора да го спроведам заедно со последните новитети во фудбалската игра, – потенцирал Лев.

Facebook Коментари