Лев: Германија ќе има шанси да ја одбрани титулата само во еден случај

joakim-lev-1

Германија ќе има за задача да ја брани титулата на претстојното Светско првенство во Русија кое е на програмата ова лето, сето тоа како последица на феноменалното издание на „панцирите“ во Бразил каде пред три ипол години го комплетираа доминантното издание со победа над Аргентина во големото финале.

Како и секогаш, така и сега Германците се вбројуваат меѓу главните кандидати за освојување на трофејот на мундијалот, но сепак селекторот Јоаким Лев смета дека неговиот тим ќе има исклучително тешка задача како никој претходно.

Лев смета дека секој тим ќе сака да ја победи Германија на Светското првенство во Русија, па поради тоа, верува дека ќе бидат потребни натчовечки сили за да се одбрани титулата освоена во Бразил.

– Германија ќе биде прогонувана од сите останати тимови како никогаш, сите ќе сакаат да не победат. Ќе треба да употребиме натчовечки сили ако сакаме да ја одбрани титулата. Само така ќе останеме светски шампиони, – вели германскиот селектор во изјава за радиото „Баварија“.

 

Facebook Коментари