Поврзете се со нас

Свет

Лев беше поврзуван со клупата на Србија, стигна одговорот од Германија

Објавено

на

foto: x.com/fssrbije

Србија не оствари ниту една победа на Европското првенство и со два освоени бода го заврши настапот на 17. континентален собир на кој домаќин е Германија.

Има големо незадоволство кај нашиот северен сосед од резултатите, играта, се бара одговорност од луѓето во федерација, но и од селекторот Драган Стојковиќ.

Пикси потпиша нов договор пред стартот на ЕП, но како што стојат работите тешко ќе го одработи до крајот, поточно веќе кружат имиња околу неговото место, позиција. Дел од српските медиуми го издвоија Јоаким Лев на врвот на листата на желби, па „Моцарт Спорт“ преку колегите од „Билд“ успеа да дојде до луѓето кои се грижат за кариерата на Лев по што бил добиен јасен и краток одговор.

-Не е вистина-

Ова кажува дека Лев не е реална опција во моментов за Србите кои прво мора да се ослободат од Пикси со тоа што раскинот на договорот би ги чинел милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни