Летото е најчестата причина за смртта на акумулаторите!

triagolnik za defekt na vozilo

Најголемиот дел од возачите покажуваат грижа за своите акумулатори кога доаѓа зимата и кога стартувањето на моторот на возилото покажува отежнувачки околности или комплетно го „отфрла“ нашето барање за струја.

Да, статистички најголем број на акумулатори „испуштаат душа“ во зима, но делумно тоа се должи на стресот што тие го доживуваат во летниот период. Експертите за акумулатори велат дека како резултат на прегревање или пре-полнење, доаѓа до испарување на течностите, а интерните компоненти се оштетуваат. Споменатото прегревање е светски најчестата причина за сериозни оштетувања на акумулаторите, бидејќи има влијание врз сите типови на батерии. Од тоа се забрзуваат хемиските реакции, поради што се губи енергијата и се појавува корозија, односно кристали се формираат на поклопецот, по што акумулаторот не сака е да „подигне“ ниту при „нормално“ полнење. Поради ова, гаражирањето на автомобилот во лето е мошне препорачлива пракса и во лето!

Трета најчеста причина за „смрт“ е незацврстената кутија која страда од вибрациите. Оттука, нема потреба да чекате акумулаторот тотално да откаже бидејќи знаците дека тој е на крај од силите се лесно препознатливи за стручните лица. Се препорачува акумулаторите да се проверуваат секогаш кога менувате моторно масло!

Кога се размислува за замена, продавачите често знаат да понудат АГМ тип на акумулатори, но ретко знаат да објаснат во детали кои се предностите за ваквиот избор. Тие имаат подобра заштита од сулфатација, а исто така нудат и поголем стенд-бај период за повторно полнење на акумулаторот. Речиси 70% oд новопродадените возила во Европа се опремени со АГМ акумулатори. Ова најмногу се должи на имплементација на „Старт-Стоп“ системот, бидејќи доколку се користат старите типови на акумулатори со киселина, тие ќе попуштат за 2 до 4 месеци од инсталацијата. Освен „Старт-Стоп“ системот нема да работат ниту другите електрични функции на возилото.

АГМ акумулаторите се конструирани да испорачуваат многу поголема струја од конвенционалните киселински батерии. Модерните возила во себе содржат многу електрични системи кои се потребни и се употребуваат во секојдневното возење: греачи во седишта, греачи во ретровизори, модерен и моќен аудио систем, греачи на волан, неколку компјутери кој се секогаш под напон, дури и кога возилото мирува, и уште многу други…

Најголема видлива разлика на АГМ акумулаторите наспроти стандардните е што наместо течностите слободно да се движат низ акумулаторот, тие се во посебни садови. Постојат и акумулатори кои содржат гел наместо течности.

Еден од лидерите во технологијата на европскиот пазар е DURACELL AUTOMOTIVE BATTERIES. Стандардниот заштитен знак со насмеаното зајаче е препознатлив извор на енергија веќе со децении, а на македонскиот пазар се присутни повеќе од две години со автомобилски и камионски програм. Брендот е гаранција за квалитет во светски рамки, а поддшката се огледува и во широката палета на производи која сервисира секакви потреби.

Како еден од ретките премиум брендови кај акумулаторите во Македонија, DURACELL нуди различна технологија во склад со потребите на новите генерации возила. На домашниот пазар во Македонија овие производи можат да се добијат преку мрежата на „Макбат“.

Искористете ја акцијата за бесплатен контролен сервис во месец јуни во „Макбат“ за да имате спокојно лето, а воедно и да се запознаете со целата гама на производи од DURACELL. Контактирајте не преку Facebook !

duracell agm akumulatori

Facebook Коментари