Поврзете се со нас

Свет

Летонски прволигаш отпушти кошаркар кој одбил да се вакцинира

Објавено

на

Летонскиот кошаркарски шампион ВЕФ Рига потврди дека му доделил отказ на американскиот кошаркар, Квинси Форд.

Претседателот на Рига открил дека Форд одбил да се вакцинира за да се заштити од ковид-19, а тоа го прави невозможно исполнувањето на обврските од неговиот договор.

– Кошаркарот одлучи да не се вакцинира, а тоа го направи невозможно учеството на тренинзи и патување со екипата, а под знак прашање беше и дали ќе можеше да игра натпревари.

– Решивме да се разделиме пред да почне сезоната, – изјавил Гатис Јаховитс.

Првиот човек на летонскиот тим потврдил дека другите кошаркари се вакцинирале, а ВЕФ Рига ќе настапува во групната фаза на кошаркарската Лига на шампиони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни