Поврзете се со нас

Англија

Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс

Објавено

на

Неуспешниот обид на неколку од првите луѓе на големите фудбалски клубови да формираат сопствена лига доведе и до сериозни и тектонски промени.

Имено, како што пренесуваат сите релевантни медиуми во Англија, извршниот директор на Манчестер Јунајед, Ед Вудвард дал оставка од својата функција во клубот.

Вудвард заедно со Перез беа водечките луѓе на проектот „Европска Супер лига“ кој се покажа како големо промашување и по само два дена мораше да биде повлечен.

Поради тоа Вудвард ја понудил својата оставка, а по ваквиот исход навивачите на Манчестер Јунајтед го изразуваат своето задоволство затоа што веќе неколку години бараат заминување на овој човек од клубот.

Легенди на клубот како големиот Сер Алекс Фергусон, Гери Невил, Дејвид Бекам, па и дел од сегашните играчи меѓу кои и Лук Шо, Бруно Фернандеш и Хари Мегваер јавно се кренаа против идејата за Супер лига и меѓу редови го критикуваа и клубот, а тоа на крај доведе до оставка на еден од најнепосакуваните луѓе меѓу фановите на Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни