Лестер влезе во резултатска криза и го ризикува топ четири пласманот (Видео)

lester-norvic

Пред неколку кола Лестер изгледаше како тим кој е во сигурна зона како третопласиран тим на табелата, но неколкуте лоши резултати во серија сега сериозно ги вметнуваат „лисиците“ во борбата за топ четири со оглед на тоа што останатите тимови се се поблиску.

Вечерашниот пораз на гостувањето кај Норвич од 1:0 е четврти меч во низа на кој тимот на Брендан Роџерс не оствари победа, а доколку Челси победи на својот лигашки натпревар кој го игра утре против Бурнмаут, „сините“ ќе дојдат на само минус три од составот на Лестер. Блиску е и Манчестер Јунајтед кој со триумф над Евертон би стигнал до минуст шест, а значителната намалена разлика го става Лестер во ситуација грчевито да се бори за пласман во Лигата на шампионите до крајот на сезоната.

По оваа лоша серија, „лисиците“ се очекува голем тест да имаат наредното коло, кога на домашен терен ќе се стават во ситуација да бркаат победа против Астон Вила која пак од друга страна води грчевита борба за опстанок.

Facebook Коментари