Поврзете се со нас

Лига Европа

Лестер со победа најави голема драма во последното коло на Лига Европа

Објавено

на

Лестер ја победи Легија со 3:1, со три гола постигнати уште во првото полувреме и максимално ја искомплицира ситуацијата во групата од Лига Европа.

Со денешниот триумф, премиерлигашот се наоѓа на првото место со 8 бода, следуваат Наполи и Спартак Москва со 7, додека Легија е блиску со 6 бода.

Дака, Медисон и Ендиди стрелаа за „лисиците“, додека Младеновиќ реализираше за Легија, на средбата која е најава за голема драма во последното коло.

Во него, Наполи на нашиот Елиф Елмас го пречекува токму Лестер, додека Легија му е домаќин на тимот на Спартак Москва.

Од останатите екипи кои обезбедија место во следната фаза, тука се Ренџерс и Олимпијакос, како и Монако кој победи на дербито со Реал Сосиедад со 2:1.

<iframe width=’640′ height=’400′ src=’https://hohofot.elhighlights.com/embed/wl665iqTe176H’ style=’border:none;’ allowfullscreen></iframe>

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни