Лестер ја потврди разделбата со двајца фудбалери

ulloa

Премиерлигашот Лестер денеска потврди дека сезонава нема да смета на двајца фудбалери кои беа дел од ростерот минатата година.

Најскапото засилување во клупската историја, Ислам Слимани замина на заем во редовите на турскиот клуб Фенербахче и ќе му биде соиграч на нашиот Елмас. Двата клуба подолго преговараа за оваа позајмица и на крајот таа се реализираше, додека Клод Пуел нема да смета ниту на искусниот Леонардо Улјоа.

Аргентинецот настапуваше пет години во Англија од кои повеќето во редовите на Лестер и беше дел од генерацијата која ја освои титулата предводена од Клаудио Раниери. Следна дестинација на Улјоа ќе биде мексиканскиот клуб Пачука, а Лестер потврди дека се работи официјална разделба со напаѓачот.

Facebook Коментари