Англија
Лестер го надигра Челси, „лисиците“ го преземаа врвот во Премиер лигата (Видео)

Лестер трпеливо има улога на фаворит од сенка во Премиер лигата и очигледно му се допаѓа таквиот статус, бидејќи избраниците на Брендан Роџерс играат без никаква резерва и без нималку респект против било кој тим во англиската елита.
Тоа го докажаа оваа вечер на домашниот „Кинг Пауер“ каде го надиграа Челси со 2:0, а тимот предводен од Френк Лампард можеше да настрада и уште повеќе ако играчите од нападот беа поефикасни во второто полувреме.
„Лисиците“ од Лестер си ја завршијата работата во првото полувреме и ја материјализираа својата директна игра, или од друга страна пак, ја казнија летаргичната игра на гостите уште еднаш демомстрираа дека немаат никаква острина во играта.
Ендиди погоди за 1:0 уште во 6-та минута од мечот и ја направи оваа вечер за гостите од Лондон многу тешка, а пред крајот на првиот дел погоди и Мадисон за водство од 2:0.
Во вториот дел, Лестер пропушти шанси за повисока победа, додека Челси се обидуваше со полушанси, па иако постигна почесен гол преку Вернер, истиот беше поништен поради минимален офсајд. Со третата победа во низа во Премиер лигата, Лестер се искачи на врвот на табелата, па сега мирно ќе го исчекува расплетот на натпреварите кои ги играат ривалите во 19-то коло.

- Англијапред 22 часа
Еден од играчите на Челси се налутил на Тухел и одбил да преговара за нов договор
- Шпанијапред 22 часа
Интересен момент по крајот на натпреварот на „Камп Ноу“: Голманот на Елче се возбуди кога Меси му го побара дресот (Видео)
- Лига на шампионипред 21 час
Зидан искрен по победата над Аталанта: Не бевме најдобри иако имавме играч повеќе
- Англијапред 23 часа
Тотенхем тргнува по незадоволниот фудбалер на Манчестер Јунајтед
- Лига на шампионипред 21 час
Менди со супер гол во финишот го проби бедемот на Аталанта, Манчестер Сити без проблем во Будимпешта (Видео)
- Лига на шампионипред 12 часа
Зидан откри интересна анегдота за стрелецот на голот и нагласи: Ова беше воиграна акција од тренинзите! (Видео)
- Лига на шампионипред 12 часа
Бесниот Гасперини со предлог до УЕФА какви судии да делегира во иднина: Ова е самоубиство на фудбалот!
- Лига на шампионипред 22 часа
Капело за исклучувањето на Фројлер: Судијата го уништи натпреварот