Поврзете се со нас

Англија

Лестер ги израдува фановите со продолжување на договорот на клупска легенда

Објавено

на

Foto:twitter.com/LCFC

Екипата на Лестер избори враќање во Премиер лигата, а во новата сезона фановите ќе можат да уживаат во мајсториите на клупската легенда Џејми Варди.

37-годишниот Варди потпишал нов едногодишен договор со „лисиците“ и ќе го носи дресот на Лестер во повратничката сезона во елитното друштво, каде тој досега има постигнато многу голови.

Варди е еден од најлојалните фудбалери во Англија откако настапува за Лестер од 2012 година и има постигнато 190 голови на 464 натпревари.

Тој беше еден од најзаслужните и за освојувањето на титулата во Премиер лигата во сезоната 2015/16, кога менаџер беше Клаудио Раниери.

Лестер потврди дека во меѓувреме го продолжил договорот и со данскиот дефанзивец, Јаник Вестергард,

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни