Поврзете се со нас

Евролига

Лесор имал успешна операција, познато е кога ќе може да се врати на терените

Објавено

на

foto: x.com/Paobcgr

Францускиот репрезентативец, Матијас Лесор имал успешна операција на левата нога по тешката повреда која ја заработи на вчерашниот меч со Басконија во Евролигата.

Членот на Панатинаикос настрада во третата четвртина, па иако сам и без помош го напушти теренот веднаш беше јасно дека се работи за нешто посериозно. Тој се здоби со скршеница на фибулата на левата нога и мораше да оди под нож, зафат кој успешно бил извршен од страна на клупскиот доктор Конидис.

Грчкиот тим не прецизираше колку време центарот ќе отсуствува, но медиумите пренесоа дека закрепнувањето ќе трае околу четири месеци што значи дека оваа кампања не е завршена за Лесор и ќе може да им помогне на соиграчите во најважните битки.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни