Поврзете се со нас

Англија

Лескот: Само еден играч на Јунајтед може да игра за Сити

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед игра уште една сезона во која голем проблем е постојаноста во настапите, резултатите, а кога таа конзистентност ја нема тогаш е навистина тешко да се цели високо во било кое натпреварување.

Воедно во Јунајтед има и играчи кои се мачат со формата, а идеален пример за тоа е Маркус Рашфорд кој во претходната кампања експлодираше, додека во актуелнава е непрепознатлив и е далеку од лидер каков што сите посакуваат на „Олд Трафорд“. Според поранешниот англиски репрезентативец, Џолеон Лескот вина за тоа има менаџерот Ерик Тен Хаг кој не му помага доволно на офанзиевцот за кого пак тој воедно смета дека е единствениот играч на Јунајтед кој би можел да игра за Сити.

-Мислам дека тој е единствениот играч кој може да игра за Сити. Ако Пеп го има Маркус Рашфорд, тој 100 проценти ќе биде подобар играч и не го обвинувам само Тен Хег, туку тој че има подобро влијание врз играта ако е во Сити. Системот би му овозможил да создаде моменти во кои му е пријатно. Колку пати добивате еден на еден во последната третина? Колку пати Доку беше еден на еден? Тоа е затоа што системот му дозволува да биде на позиции во кои сте добри, -смета Лескот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни