Светски првенства
Лесјак: Имавме проблеми со поставена одбрана, ја средивме Македонија со едноставен рецепт

Урбан Лесјак сосема очекувано и заслужено беше избран за играч на мечот на пресметката меѓу Словенија и Македонија, бидејќи чуварот на мрежата на тимот кој го предводи Врањеш забележа дури 17 одбрани во триумфот над нашата селекција.
Македонија одлично парираше во првото полувреме, до 20-та минута беше и во егал ситуација, но во последните 9 минути од првите 30 комплетно беше неутрализирана во нападот, а тоа беше предуслов за прва поосетна серија на еден тим. Словенија поведе со четири гола разлика и на полувреме замина со 13:9, а потоа во второто полувреме комплетно беше скршен отпорот кој го даваа избраниците на Брестовац.
Конечните 31:21 на крајот изгледаат и како преголема казна за борбата која ја понудија нашите ракометари, кои сепак немаа премногу решенија за расположениот Лесјак кој прв даде изјава од победничкиот табор откако беше избран за човек на натпреварот.
– Среќни сме што после мечот со Белорусија, сфативме што е она што нас ни носи победа. Тоа се одбраната и лесните голови во против напад. Дури и денеска имавме проблеми кога се бранеа со поставена одбрана и најверојатно ќе биде така до крајот на турнирот. Нашиот рецепт мора да биде едноставен: Добра одбрана и брзи голови на контри, тоа мора да биде нашиот рецепт за победа.
– Момците дојдоа до момент на самодоверба кога се сигурни дека ги добиваат дуелите еден на еден. Не е лесно да се игра против нас и два на два и тоа е клучот. Самодовербата и концентрацијата се на завидно ниво и тоа е добар предзнак пред дуелот со Шведска. Наша цел е да победиме на сите три меча во главната фаза, – изјави Лесјак.

- Светпред 20 часа
Венгер: Не сме свесни каков играч имаме во Франција, истата грешка ја направивме со Платини, Зидан и Анри
- Шпанијапред 24 часа
Лапорта ги именуваше трите фудбалери со кои ќе започне реновирањето во Барселона
- Светпред 23 часа
Кејлор Навас: Секогаш ќе им бидам благодарен на фановите на Реал Мадрид, но не и на…….
- Англијапред 22 часа
Фердинанд за денот кога го „уништил“ Руд: Ќе се степав со Ван Нистелрој поради Роналдо!
- Шпанијапред 19 часа
Дренте откри како Рамос го имитирал Кристијано на тренинзите на Реал (Видео)
- Италијапред 21 час
Буфон обелодени како му се обраќа на Пирло пред останатите соиграчи во Јувентус
- Англијапред 19 часа
Новата ѕвезда на Гвардиола: Викенд од соништата за мене беше кога ги гледав Фердинанд и Видиќ на телевизија
- Германијапред 24 часа
Страшната контра донесе нов моќен спринт: Несопирливиот Халанд претрча 95 метри за 12 секунди (Видео)