НБА
Лери Бирд: Ако сакам да победувам го бирам Коби, ако сакам да се забавувам тогаш изборот е Леброн
Од месец март нема никави возбудувања, натпревари во НБА лигата, па во овој изминат период актуелен беше документарецот „Последниот танц“ посветен на Мајкл Џордан и славната генерација на Чикаго Булс.
За време на епизодите и сега откако истите се завршува одново доста актуелно стана прашањето дали Џордан е најголемиот играч на сите времиња, па видовме различни мислења, некои понатаму го споредуваат со Леброн Џејмс, Коби Брајант, меѓутоа дебатата трае и тешко дека некогаш ќе заврши.
Во меѓувреме во недостаток на средби од НБА лигата, медиумите ја извадија изјавата на легендарниот Лери Бирд кој имаше можност да избере меѓу Коби Брајант и Леброн Џејмс, тема на која славниот ас на Бостон Селтикс даде интересно мислење.
-Најверојатно би го избрал Коби поради неговата желба за победа, посветеноста и желбата да постојано напредува како и поради карактерот кој го прави единствен. Неговиот менталитет беше сличен на она што го имаше Мајкл Џордан.
-Ако сакам да се забавувам како што тоа го правев со Бил Волтон, би играл со Леброн. Сигурно би било позабавно да се игра со него, ама ако сакаш да победуваш, победуваш, победуваш тогаш го бираш Коби. Не е дека Леброн не е победник, туку начинот на размислување на Брајант беше различен. Карактерот на Џејмс е поинаков од оној на Мајкл и Брајант, -истакна Бирд кој е трикратен НБА шампион.
-
Репрезентација23 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства23 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија14 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства11 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
Светски првенства13 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
АТП14 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Репрезентација22 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!