Поврзете се со нас

Франција

Леонардо за иднината на Мбапе во ПСЖ: Тој знае што сакаме ние

Објавено

на

Иднината на Килијан Мбапе се уште е крајно неизвесна и никој не е сигурен каде младиот фудбалер ќе продолжи по крајот на оваа сезона.

Офанзивецот кој според многумина оваа сезона стагнира во формата ја игра последната година од договорот со ПСЖ и веќе во јануари ќе може да се договори со неговиот следен клуб кој би го ангажирал на лето како слободен агент.

Најсериозен кандидат за обезбедување на неговиот потпис е тимот на Реал Мадрид, но од ПСЖ не се откажуваат од намерата да го задржат фудбалерот во своите редови.

Тоа го потврди и спортскиот директор на клубот, Леонардо, кој пак не даде конкретен одговор дали самиот Мбапе изразил желба да остане на „Паркот на принцовите“.

– Килијан Мбапе е застрашувачко момче. Тој е поинаков од останатите, тој е фантастичен. Да, знае што сакаме ние, тоа е јасно како ден. Ќе видиме што ќе се случи на крај, -изјави Леонардо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни