Италија
Леонардо за ефектот Малдини: Милан сега е празен, бездушен…

Милан има турбулентна сезона за која останува да видиме како што заврши и дали на крајот ќе биде остварена барем минималната цел, место во Лигата на шампионите во натпреварувачката 2025/2026.
Во исто време „росонерите“ се обидуваат да решат и други прашања од кои најактуелно е позицијата на спортски директор. Доста имиња се појавија како потенцијални кандидати, ама засега нема ништо официјално потврдено иако некои информации беа дека функцијата ќе му биде доверена на Фабио Паратичи.
И додека се чека потврда, Леонардо ја посочи најголемата грешка во поновата историја на „црвено-црните“, а тоа според него е откажувањето од Паоло Малдини кој си замина во 2023 година.
-Дали духот на Милан треба да биде посилен? Ама тој веќе беше таму, неговото име е Паоло Малдини. Како директор освои Скудето и стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите. Потоа беше ослободен, а со него и голема страст.
-Денес тоа сите го сфатија: Милан се чувствува празен, бездушен. Но, тоа се циклуси и ќе помине. Исто така, верувам дека клубот сфати дека направи грешка, -смета Леонардо.
-
Англија22 часа
По Де Брујне заминува уште една клупска легенда: Сити му ја соопштил конечната одлука на важен играч
-
Италија20 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
Англија22 часа
Барнли го доби дербито, се враќа во Премиер лигата во пакет со Лидс Јунајтед
-
НБА19 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
Италија23 часа
Од голман до гол: Серија А ја издвои „Гасперини бол“ акцијата за победа на Аталанта (Видео)
-
НБА9 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Варди им се извини на фановите: Лестер имаше засрамувачка сезона
-
Лига на шампиони8 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…