Поврзете се со нас

Франција

Леонардо со директна порака ги разреши сите дилеми околу иднината на Покетино во Париз

Објавено

на

Пари Сен Жермен не успеа да ги оствари посакуваните цели во изминатава сезона, односно не направи чекор напред во Лигата на шампионите, а воедно ја загуби доминацијата во Франција каде титулата во Лига 1 ја грабна составот на Лил.

Сето ова го стави тренерот Маурисио Покетино во една поинаква позиција без разлика што „светците“ триумфираа во двата француски купови, па дел од медиумите говореа за негово можно заминување, се споменуваше Реал Мадрид, но и Тотенхем.

„Кралевите“ веќе го пополнија испразнетото место на Зинедин Зидан со Карло Анчелоти што значи на хартија останува можноста за кам-бек во Лондон, враќање кое ако се суди според изјјавата на Леоанрдо тешко дека ќе се случи ова лето.

-Ова се шпекулации кои веќе заморуваат. Разговарам со Покетино секој ден и ги планираме подготовките за новата сезона. Тој има договор на две години и ние сме многу задоволни од неговата работа, -порача спортскиот директор на „светците“.

Аргентинецот на почетокот на оваа година пристигна во Париз како замена за Томас Тухел кој да не заборавиме пред неколку денови стана европски првак со Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни