Поврзете се со нас

Свет

Леонардо: Реал мора да заработи казна поради тоа што го прави со Мбапе

Објавено

на

Леонардо како спортски директор на ПСЖ има круцијална улога во договорањето на нови трансфери и продолжувањето на договорите со актуелните ѕвезди, но и покрај тоа што заврши извонредна работа во изминатиот летен преоден рок со новите аквизиции и претходно со потписот на Нејмар, има една работа која никако не може да ја реши.

Бразилецот ќе има тешка задача да го натера Килијан Мбапе да стави потпис на нов договор, особено во ситуација кога фудбалерот јавно кокетираше со Реал Мадрид, но и „кралевите“ јасно ставија до знаење дека прават се што е во нивна моќ да го добијат што поскоро.

Ако не потпише договор со ПСЖ до јануари, Мбапе ќе биде слободен да потпише со Реал Мадрид уште на 1-ви во новата 2022-ра година, па наредното лето, како слободен агент ќе му се приклучи на тимот кој сега го води Карло Анчелоти. За тоа се свесни сите во ПСЖ, а Леонардо го искористи своето најново обраќање за да излезе со нов напад до Флорентино Перез и неговите соработници.

– Од Мадрид го негираат тоа, но Реал веќе подолго време работи за да го добие Мбапе како слободен агент. Повеќе од две години јавно говорат со Мбапе и Реал мора да биде казнет за таквиот однос.

– Гледам недостиг на почит кон нас. Мбапе не е обичен играч, а сите од Реал зборуваа за него. Директори, претседателот, играчите од првиот тим. Сметам дека тоа е дел од нивниот план и тоа е знак на непочитување, – вели Леонардо кој додава дека ПСЖ се уште не се откажува од Французинот.

– Наша идеја е да го продолжиме договорот на Мбапе, тоа не се променило. Нашите планови се такви, Мбапе е дијамант и е многу важен за ПСЖ. Ние не ја планираме иднината без Мбапе, – потенцира Бразилецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни