Поврзете се со нас

Франција

Леонардо призна: ПСЖ сакаше да го купи Меси!

Објавено

на

Лионел Меси пред неколку денови ги расчисти сите дилеми околу неговата иднина во Барселона и тоа во интервјуто за „Гол“ каде порача дека ќе остане во клубот и во натпреварувачката 2020/2021.

Со ова каталонците затворија едно важно прашање, односно некој период ќе можат да здивнат и им се посветат на други теми пред се на составување на што подобра екипа која ќе работи под водство на Роналд Куман.

Меѓутоа за Меси и понатаму ќе се зборува, па така спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо призна дека тие како клуб сериозно размислувале за трансфер на Аргентинецот откако добиле информација дека тој сака да си замине од „Камп Ноу“.

-Кога разбравме дека сака да си замине од Барселона, ние размислувавме за тоа. Се прашуваме дали е возможно засилување. Овие играчи не можете да ги добиете секој ден. Не знам, Дејвид Бекам заврши во ПСЖ, Меси да заврши во Париз? Не знам. Ова е фудбал, на крајот сите седат на маса, секој се знае и се движиме напред, -истакна Бразилецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни