Поврзете се со нас

Франција

Леонардо повлече паралела и потенцираше зошто преговорите за Донарума биле поразлични од ситуацијата со Мбапе

Објавено

на

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, уште еднаш упати критики на адреса на Реал Мадрид од каде се обидуваат да го убедат Килијан Мбапе да потпише договор со нив.

Францускиот фудбалер останува без договор со ПСЖ по крајот на оваа сезона и уште во јануари ќе може да преговара и да договори каде ќе ја продолжи кариерата во иднина.

Реал Мадрид веќе извесен период на дело ја спореведува „операцијата Мбапе“, а токму поради тоа се налути и Леонардо кој повлече паралела со ангажманот на Донарума кого ПСЖ го следеше извесен период, но според Бразиелцот со голманот влегле во преговори дури откако Малдини објавил дека тој нема да го продолжи договорот со Милан.

– Никогаш не го контактиравме Донарума пред јуни. Почнавме преговори за ангажман на Џанлуиџи веднаш откако тој официјално беше слободен агент, откако спортскиот директор на Милан, Малдини го објави тоа, -изјави Леонардо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни