Поврзете се со нас

Франција

Леонардо ја откри трансфер политиката на ПСЖ за преодниот рок

Објавено

на

Главниот оперативец на Пари Сен Жермен, спортскиот директор Леонардо откри каква стратегија ќе имаат тие како клуб во следниот трансфер период.

Францускиот првак е еден од тимовите кој правеше големи трансфери во изминативе сезони, давеше огромни суми на играчи, меѓутоа пандемијата со КОВИД-19 удри и по нив и тие нема да трошат многу пари за поединици.

-Она што се случи ја допре целата планета, a ќе се почувствува и на пазарот на трансфери. Финансиите на клубовите се влијаат и тоа нè вклучува и нас. Луѓето велат дека сме загубиле околу 200 милиони евра? Да, веројатно е блиску до тоа. Не верувам дека ќе има трансфери од 100 милиони евра ова лето, бидејќи никој не може да си дозволи да потроши толку пари, дури ни ние. Имаме многу значајни загуби во ПСЖ, -истакна Леонардо кој воедно додаде:

-Ќе мораме да бидеме покреативни, наоѓајќи решенија што не се премногу скапи. Со неколку прилагодувања, без оглед на заминувањата, нашиот тим може да остане конкурентен, заврши Бразилецот.

Од ПСЖ си заминуваат Силва, Кавани и Курзава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни