Поврзете се со нас

Франција

Леонардо излезе со изјава за успехот на Тухел во ЛШ, Французите го нарекоа лицемер!

Објавено

на

Томас Тухел ја освои титулата во Лигата на шампионите и на тој начин заокружи неверојатни четири месеци во Челси, кои според него треба да бидат почеток на една доминација на „лондонските сини“ со оглед на фактот што располага со навистина млад тим.

Германецот пристигна во Челси на крајот од месец јануари и направи огромен пресврт во Лондон, па покрај тоа што обезбеди пласман во најелитното натпреварување преку Премиер лигата, во големото финале во сабоатата по трет пат во низа го победи Пеп Гвардиола и се закити со титулата европски првак.

Тухел беше дел од второто финале во Лигата на шампионите во период од 10 месеци, но ако минатиот август загуби од Баерн Минхен, овојпат во Порто беше посреќен и неговиот Челси славеше против Манчестер Сити со 1:0. Неколку часа по финалето, во Франција на големо се пишуваше за успехот на Тухел и Тиаго Силва кои буквално беа избркани од ПСЖ, тим кој пак по заминувањето на Германецот, не успеа да ја освои ниту титулата во домашното првенство.

Главен виновник за заминувањата на двајцата беше оперативецот Леонардо, кој сега даде една изјава која многумина ја протолкуваа како лицемерна и неискрена.

– Се уште стојам зад тоа дека ПСЖ направи добра одлука што го отпушти Тухел. Сметам дека направивме добра одлука со тоа што го ослободивме. Во секој клуб доаѓа до еден крај на циклус и тоа се случува насекаде во светот, – изјави Леонардо, кој со насмевка вели дека се израдувал за Тухел и Силва.

– Такви работи се случуваат во фудбалот, среќен сум што Тухел ја освои титулата. Истото важи и за Силва. Беше добро да се види дека Тиаго игра во ново финале, иако на крајот се повреди, – заврши Бразилецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни