Поврзете се со нас

Франција

Леонардо испрати јасна порака за иднината на Мбапе и Нејмар во ПСЖ

Објавено

на

Францускиот шампион Пари Сен Жермен нема да се расфрла со пари во следниот преоден рок, но во исто време нема намера да се откаже, ослободи од двете најголеми ѕвезди Килијан Мбапе и Нејмар Жуниор.

Ова јасно и директно го соопшти спортскиот директор на „светците“ Леонардо кој воедно порача дека се надева оти Мбапе и ќе го продолжи договорот.

-Ништо не ни кажува дека тие нема да останат. Имаат уште две години од договорите, ние главно размислуваме за тоа што доаѓа после тоа со нив, сакаме да продолжиме понатаму.

-Тој е иднина на ПСЖ (Мбапе). Тоа сите го сакаат. Идеално би било да го продолжи [неговиот договор]. Меѓу најдобрите пет играчи во светот, Лионел Меси и Кристијано Роналдо имаат 32 и 35 години; Нејмар и Мбапе се на возраст од 28 и 21 година и тие се со нас.

-Нема потреба премногу да се размислува. Имаме корист од тоа што го имаме [Мбапе] затоа што тоа е одлична работа. Подоцна, ќе мора да најдеме решение и заедно да ја продолжиме авантурата, -рече Леонардо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни