Поврзете се со нас

Свет

Лео отвори голема дебата: Меси направи споредба меѓу актуелниот тим на Аргентина и дрим тимот на Гвардиола

Објавено

на

Foto:twitter.com/Argentina

Аргентина не знае за пораз и нема примено гол од крајот на мундијалот во Катар, па се чини дека „гаучосите“ дополнително добија на самодоверба како актуелни светски шампиони.

Тимот предводен од селекторот Лионел Скалони има јасен лидер на теренот и тоа е капитенот Лионел Меси, а како човек кој е најверодостоен да зборува за силата на актуелниот светски првак, Лео направи една интересна паралела по новата победа остварена над Перу.

Стрелецот на двата гола во победата од 0:2 пред новинарите во Јужна Америка направил споредба меѓу актуелниот тим на Аргентина и дрим-тимот на Пеп Гвардиола во Барселона од кој исто така беше дел, па со тоа автоматски отвори голема дебата во јавноста.

– Ми беше поставено ова прашање и пред неколку дена. Овој тим станува импресивен, продолжуваме да растеме и секој ден сме се подобри. За мене, тој тим на Барселона е најдобар во историјата и се уште е премногу да се споредуваме со тој тим, но мислам дека сме блиску со тоа што го прикажуваме. Ја освоивме Копа Америка и станавме светски шампиони, имаме големи играчи и играме без страв. Без разлика кој игра на теренот, никогаш не се чувствува одредено отсуство бидејќи имаме изградено јасен стил. Се надеваме дека ќе продолжиме по тој пат, – вели Меси за низата на Аргентина која има само еден пораз на последните 51 натпревари.

– По освоената Копа Америка во Бразил почувствувавме олеснување и продолживме да растеме. Потоа станавме светски шампиони и самодовербата е уште поголема. Постојано ја сакаме топката и сакаме да бидеме протагонисти на теренот. Уживаме во оваа игра и се надевам дека ќе продолжиме да растеме, – завршува капитенот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни