Поврзете се со нас

Лига Европа

Ленон по поразот на Јунајтед: Солскјер покажа дека не и верува на својата клупа

Објавено

на

Голем број стручни коментари го анализираат поразот на Манчестер Јунајтед од Вилјареал во финалето на Лига Европа, па иако тој дојде на пенали, Оле Гунар Солскјер и неговите фудбалери добиваат критики за она што го покажаа во претходните 120 минути.

Доскорешниот менаџер на Селтик, Нил Ленон го коментирал финалето за „Би-Би-Си“ и најголемата забелешка оди на сметка на неговиот норвешки колега, кој според него не ја искористил својата клупа.

– Солскјер не и верува на својата клупа.

– Не се сврте кон неа за да најде солуција, а кога тоа се случува во клуб како Манчестер Јунајтед, се работи за голем проблем.

– Можеби сакаше да испрати порака до бордот, но за мене е незамисливо да не го освежи тимот барем по 75-80 минути, со што ќе ги зголемеше шансите за победа во регуларното време или по продолжението.

– Не видов доволно од Јунајтед вечерва и не сум видел такво нешто последните три-четири години. Играта беше нефункционална и фалеше креативност, – изјавил Ленон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни