Поврзете се со нас

Англија

Лено: Бундеслигата се нарекува „Фармерска лига“ во Англија, но реалноста е друга…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/FulhamFC

Бернд Лено беше прв голман на Арсенал и никој не можеше да замисли дека ќе доживее поинаква судбина со Микел Артета, но откако му беше украдено местото од Арон Рамздејл, Германецот реши да замине во тим во кој ќе биде стандарден стартер.

Лено веќе втора сезона е во Фулам и ужива статус на прв голман, нешто што за поранешниот голман на Баер Леверкузен е голема сатисфакција и покрај тоа што веќе не се бори за самиот врв.

Повремениот германски репрезентативец вели дека е чест да се биде дел од најсилната лига во светот, но во последното интервју отворено говори и за неприфатливо лошиот третман кој го имаат Англичаните кон Бундеслигата.

– Во Англија Бундеслигата се нарекува „Фармерска лига“, сметам дека тој термин е недоличен и неприфатлив. Но, ако бидам максимално искрен, сите луѓе во Англија ја нарекуваат токму така. Тука се зборува само за Премиер лигата и за сите други лиги не се обрнува внимание. Никој не е заинтересиран за Бундеслигата.

– Според мене, далеку подобар термин би бил „развојна лига“. Не треба да се заборави дека многу елитни фудбалери на почетокот на кариерите играа во Германија, а потоа се враќаа во Премиер лигата. Тоа се Де Брујне и Гундоган, тоа се повеќе од добри примери. Имам дискусија за ова со моите соиграчи речиси секоја недела, не ми дозволија и да го гледам првиот меч во Бундеслигата оваа сезона. Ми велат дека не е интереснои дека нема да гледаат „Фармерска лига“ на телевизија, – открива Лено.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни