Ленгле за новата ѕвезда која може да пристигне во Барселона: Добро го познавам, тој е…

lengle

Францускиот дефанзивец, Клемен Ленгле официјално го комплетираше преминот од Севилја во Барселона каде потпиша договор до 2023 година.

Тој треба да биде сериозно освежување во дефанзивната линија, а и самиот Ленгле на промоцијата ги искажа своите амбиции и порача дека ќе направи се за да се наметне кај тренерот Ернесто Валвреде.

Воедно Французинот даде свој коментар и за едно друго потенцијално име кое може да пристигне на „Камп Ноу“, тоа е неговиот сонародник Адриен Рабио кој во моментов е член на ПСЖ.

-Рабио е многу добар играч, се надевам ќе играм заедно со него во Барселона. Ќе биде фантастично да играм со него. Го познавам зошто тој е мој пријател и да видиме. Младите играчи се амбициозни, сакаат да напредуваат и освојуваат титули, -порача Ленге.

Facebook Коментари