Поврзете се со нас

Шпанија

Ленгле не се согласува со Сетиен за новото правило: Не знаеме дали…

Објавено

на

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен пред неколку денови го изрази своето незадоволство од новото правило и петте измени кои екипите во овој период ќе можат да ги употребуваат на натпреварите.

Сетиен: Новото правило ќе и штети на Барселона

Сетиен истакна дека ова правило ќе и штети на Барселона, но сосема поинаков став од него има стоперот Клемон Ленгле за кого петте замени ќе бидат добредојдени за играчите со оглед на тоа што ќе мораат за кратко време да одиграа многу натпревари и тоа при високи температури.

-Не знаеме дали ќе ни наштети. Генерално играчот ќе има корист од тоа затоа што ќе имаме многу натпревари секој месец при топло време и многу патувања. На фудбалерите ќе им помогне, за Барселона ќе видиме.

-Знаеме дека постои ризик што ќе играме толку многу натпревари со двомесечна пауза и топлината, но ќе се подготвиме најдобро што можеме. Ова ќе биде нова лига од 11 натпревари и ќе мора да освоиме што повеќе поени за да труумфираме. Ова е како одново да започнуваме, -истакна стоперот на Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни