Ленард се разбуди во последниот период, Портланд падна во „Стејплс Центарот“ (Видео)

lenard

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс дојдоа до шестата сезонска победа во НБА лигата и тоа против тимот на Портланд Трејл Блејзерс кого го совладаа на домашен терен со 107-101.

Ова беше дуел во кој Клиперси имаат фантастичен финиш, поточно завршниот период го добија со 37-25 и на тој начин си обезбедија славје во „Стејплс Центарот“. Најдобар играч беше одморениот Кенард кој 18 од своите 27 поени ги даде во четвртата четвртина, а зад своето име додаде уште 13 скокови, 4 асистенции, 1 украдена топка и 2 блокади.

Исто така значаен играч во триумфот беше Вилијамс кој даде 5 поени во последната минута за вкупно 26 на дуелот. На спротивната страна Лилард и МекКалум беа автори на по 22 кошеви.

Воедно треба да се напомене дека за тренерот Док Риверс ова беше 900 победа во кариерата.

Останати резултати:

Шарлот-Бостон 87-108

Сан Антонио-Оклахома 121-112

Феникс-Мајами 108-124

Facebook Коментари