Поврзете се со нас

НБА

Ленард се повлече од олимпискиот тим, Американците потврдија која НБА ѕвезда ќе го менува во Париз

Објавено

на

Фото: https://x.com/usabasketball

Американската кошаркарска репрезентација ќе настапува на Олимписките игри во Париз со моќен состав, но денеска стана јасно дека во него нема да биде Каваи Ленард.

НБА ѕвездата одлучила да го отстапи своето место во националниот тим и да им се посвети на подготовките за новата сезона на Л.А Клиперс, па Американците веќе донесоа и одлука кој ќе го замени на три недели пред почетокот на кошаркарскиот турнир во француската престолнина.

Одговорните во репрезентацијата и Клиперс донеле заедничка одлука дека е најдобро Ленард да се концентрира на идната сезона, поради фактот што последната имаше проблеми со повреди и пропушти 12 од последните 14 натпревари во сезоната.

„Тим Ју-Ес-Еј“ експресно ја активираше првата замена за Ленард и во дел од американската репрезентација ќе биде Дерик Вајт од редовите на шампионот Бостон Селтикс.

Новиот „Дрим тим“ ќе го отвори настапот во Париз со атрактивна пресметка со Србија на 28. јули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни